Трамп замина на самит на НАТО во Лондон, под притисок да се држи настрана од британските избори

Американскиот претседател Доналд Трамп замина денес на самит на НАТО во Лондон и е под притисок од британскиот премиер Борис Џонсон да одолее на искушението да интервенира во британската изборна кампања што следи подоцна во декември, пренесе Ројтерс.

Како претседателски кандидат во 2016 година, а потоа и како претседател од почетокот на 2017 година, Трамп не се воздржуваше да ја изрази поддршката за излезот на Велика Британија од Европската унија и да ги критикува политичарите вклучени во долготрајната дебата за брегзитот на земјата.

Но, со водството на Џонсон на анкетите воочи 12 декември, премиерот кој е домаќин на самитот на НАТО во Лондон, сака Трамп да внимава на ограничувањата, со што го става Трамп во невообичаена позиција да внимава на својот вообичаен импулс да коментира за сè што сака.

Трамп интервенираше на изборите во октомври велејќи дека опозицискиот лидер на Лабуристичката партија Џереми Корбин ќе биде „толку лош“ за Велика Британија и дека Џонсон треба да се согласи на пакт со лидерот на Брегзит партијата Најџел Фараж.

Притисокот на Џонсон ја натера Белата куќа да нагласи, како што рече висок официјален претставник на администрацијата, дека Трамп „апсолутно е запознаен, повторно, да не се меша во изборите на друга земја“.

Стратегијата ќе биде тестирана неколку пати на патувањето на Трамп за време на неговите средби со новинарите, вклучувајќи ја и прес-конференцијата во среда.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе