Трамп забранет и на Јутјуб, блокиран на еден месец

Интернет-платформата Јутјуб на компанијата Алфабет инк денес соопшти дека го суспендирала каналот на американскиот претседател Доналд Трамп откако го прекршил правилото за корисници со кое е забрането поттикнувањето насилство, по минатонеделниот упад во американски Капитол од страна на неговите поддржувачи.

EPA-EFE

Каналот на Трамп на оваа платформа е блокиран да постира нови видео содржини или стримови во живо најмалку седум дена, што може да биде продолжено, се наведува во соопштението на Јутјуб, кое го пренесува Ројтерс.

Интернет платформите и компании за социјални медиуми се дистанцираат и преземаат мерки против оние кои го поттикнувале или учествувале во минатонеделниот хаос во Вашингтон.

По инцидентот, Твитер и Фејсбук ги блокираа профилите на Трамп и ја избришаа целата содржина која го поддржува минатонеделниот упад, додека Амазон го суспендираше Парлер, социјалната мрежа на која се префрлија голем број поддржувачи на Трамп.

Трамповите поддржувачи упаднаа минатата среда во американски Капитол, обидувајќи се да го сопрат потврдувањето од Конгресот на победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Трамп, кој ја оспорува валидноста на победата на Бајден без да даде докази, на почетокот ги фалеше своите поддржувачи, но подоцна го осуди насилството.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе