Трамп за знамето на Конфедерацијата: Луѓето што го истакнуваат го сакаат Југот, тоа е слобода на говорот

Претседателот на САД Доналд Трамп во разговор емитуван денеска одби да каже дека знамето на Конфедерацијата е навредлив симбол, туку рече дека тоа е извор на гордост за луѓето што го сакаат југот на Соединетите Држави.

Фото: ЕПА

Републиканскиот претседател беше запрашан во интервју за емисијата „Фокс њуз сандеј“ дали знамето, кое повеќето Американци го сметаат за симбол на ропството и угнетувањето, е навредливо.

„Зависи со кого и кога разговарате“, одговори Трамп. „Кога луѓето гордо ги вееја своите конфедерациски знамиња, тие не зборуваа за расизам. Тие го сакаат своето знаме, тоа го претставува југот. Тие го сакаат југот... Би рекол дека станува збор за слободи, дека тоа е слобода на говор“.

Трамп во минатото покажуваше разбирање за знамето и симболите на Конфедерацијата од Американската граѓанска војна во 1861-1865 година. Во 2017 година тој го осуди отстранувањето на споменикот на Конфедерацијата обвинувајќи ги „обете страни“ во Шарлотсвил, Вирџинија, по протестите против отстранувањето на статуата на конфедерацискиот генерал Роберт Е Ли.

Во почетокот на овој месец тој ја критикуваше забраната за знамиња на Конфедерацијата на настаните на НАСКАР, Националното здружение за авто-мото трки.

Трамп вети дека ќе стави вето на одлуката да се преименуваат американските воени бази што носат имиња на генералите на Конфедерацијата и најави остри казни за оние што ги уништуваат статуите.

„Добивме светски војни од нив, од тие бази. Не, јас тоа нема да го менувам. Нема да го менувам“, рече тој во разговорот снимен во петокот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе