Се огласи американскиот претседател

Трамп за воведувањето на летот Белград-Приштина: Уште една победа (ФОТО)

Претседателот на САД Доналд Трамп се огласи на Твитер по повод потпишувањето на писмото за намера на Косово и Србија со германската авиокомпанија Луфтханза за воспоставување директен лет меѓу Белград и Приштина.

„Сите зборуваа дека тоа не може да се оствари. Меѓутоа, првпат во последните дваесет и пет години, ќе бидат воспоставени директни летови меѓу Србија и Косово. Уште една победа – благодарение на амбасадорите Роберт О’Браен и Ричард Гренел“, напиша Трамп.

Србија и Косово потпишаа вчера во Берлин писмо за намера со германската авиокомпанија Луфтханза за воспоставување авионска линија Белград-Приштина.

Меѓутоа, не е познато кога таа авио-линија би можела да заживее.

Воздушната линија меѓу двата града е во прекин дваесе и една година.

Документот, во зградата на американската амбасада, го потпишаа Милун Тривунац, државен секретар во министерството за економија на Србија и Есет Бериша, директор на Авторитетот на цивилното воздухопловство на Косово, јави Асошиејтед прес.

На потпишувањето присуствуваа Роберт О’Браен, советник на американскиот претседател за национална безбедност и Ричард Гренел, специјален претставник на Белата куќа за Србија и Косово.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе