Трамп за вакцините против ковид-19: „Запаметете дека сите овие големи откритија, кои ќе ја сопрат „кинеската чума“, се случија во мојот мандат“

Актуелниот и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и Џо Бајден, ја поздравија веста на компанијата Модерна во Масачусетс, дека новата вакцина против коронавирусот е ефикасна дури 94,5 отсто.

EPA-EFE

„Најавена е уште една вакцина, овој пат на фармацевтската компанија Модерна, ефикасна 95 отсто. Им порачувам на сите големи „историчари“ – ве молам, запаметете дека сите овие големи откритија, кои ќе ја сопрат „кинеската чума“, се случија за време на мојот претседателски мандат“, порача актуелниот американски претседател Доналд Трамп.

Нешто претходно новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден потврди дека уште една вакцина излегла од лабораториите на компанијата Модерна.

„Денешната вест за втора вакцина е уште една причина за надеж. Она што е вистина за првата вакцина, важи и за втората: ни претстојат уште неколку месеци чекање. До тогаш Американците нека продолжат да ја спроведуваат мерката на физичка дистанца и нека носат заштитни маски за да го ставиме под контрола ширењето на коронавирусот“, апелираше Бајден.

Трамп продолжи коронавирусот да го нарекува кинески, а во нов пост на Твитер ги сожалува земјите во Европа.

„Кинескиот вирус за жал ги преплавува европските земји. Лажните вести не сакаат за тоа да нè известуваат!“, напиша тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе