Трамп за убиениот ирански генерал: Одамна требаше да го тргнеме

Во текот на ноќта на меѓународниот аеродром во Багдад паднале три ракети. Во нападот загина најмоќниот ирански генерал Касем Сулејмани, задолжен за ирачките работи во иранската идеолошка војска.

Нападот го наредил американскиот претседател Доналд Трамп, и тоа без знаење на Конгресот.

Иран веднаш жестоко реагираше и најави одмазда, а спомнува и напади и можност за војна.

Трамп денес неколку пати се огласи на Твитер за нападот, а во последниот пост објави дека смета дека генералот Сулејмани требало да биде тргнат пред многу години.

Порача дека генералот Сулејмани убил или тешко ранил илјадници АМериканци во подолг временски период. Додаде дека ковал заговор да убие уште повеќе, но дека во меѓувреме е сопрен.

„Директно или индиректно е одговорен за смртта на милиони луѓе, вклучувајќи голем број неодамна убиени демонстранти во Иран. И додека Иран тоа никогаш нема да го признае, Сулејмани во таа земја го мразеа и се плашеа од него. Тие не се ни приближно толку тажни за загубата колку што лидерите се обидуваат да го уверат остатокот од светот. Требаше да го тргнеме многу порано“, порача во долгиот твит.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе