„Здравјето на Ким Џонг Ун е добро. Никогаш не го потценувајте!“, напиша Трамп на Твитер.
Kim Jong Un is in good health. Never underestimate him!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) September 10, 2020
Кога пролетва севернокорејскиот лидер ја пропушти прославата на Денот на сонцето, со кој се слави раѓањето на државата и неговиот дедо, бројни медиуми шпекулираа за неговото здравје. Повикувајќи се на кинески и јужнокорејски извори, медиумите нагаѓаа дека е тешко болен и дека се опоравува од операција на срцето. Но потоа се појави по дваесетина дена на отворањето на фабрика.
Кон крајот на месецов некои западни медиуми објавија дека Ким Џонг Ун е во кома, а се спомнува и дека неговата сестра Ким Јо Џонг исто така не е видена подолго време.