Трамп за санкциите кон Северна Кореја: Тие не се ништо во споредба со тоа што ќе се случи

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека санкциите, кои Советот за безбедност на Обединетите нации ѝ ги наметна на Северна Кореја, „се само мал чекор“ во правилната насока.

„Мислам дека тоа е само мал чекор, ништо големо“, кажа тој за време на средбата со малезискиот премиер Наџиб Разак во Белата куќа.

На прашањето дали санкциите ќе имаат ефект, американскиот претседател кажа дека е добро тоа што Советот за безбедност ги изгласал.

„Тие санкции не се ништо во споредба со она што би требало да се случи на крајот“, кажа Трамп без да даде дополнително објаснување.

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласно, на иницијатива на Соединетите Држави, усвои нова резолуција за санкции против Северна Кореја, со кои се забранува извоз на текстил и се ограничува увозот на сирова нафта.

Овие мерки, кои ги одобрија и Кина и Русија, се реакција на нуклеарното тестирање од 3 септември. Со сѐ построгите санкции ОН се надева дека ќе го натера Пјонгјанг на преговори за неговите нуклеарна и ракетна програма.

Тоа е нашата политичка наивност- да се верува дека правото е семоќно орудие во разрешавањето на сите проблеми. А каде е моралната, политичката, социјалната, психолошката страна на проблемите? 

повеќе

Премолчувањето на јавнот интерес во законските решенијазначи изостувањето на клучниот критериум за оправданоста на концесиите на добрата од општ интерес.

повеќе

Фатени на дело во многу  кражби, сите праведни граѓани на оваа земја беа убедени дека на арамиите ќе им се суди по примерот на Жан - по кратка  постапка.

повеќе