Бранејќи ја одлуката за Сирија

Трамп за Курдите: „Па не дека ни помогнаа со Нормандија“ (ВИДЕО)

Претседателот рече дека од „еден многу моќен напис“ дознал дека Курдите не помогнале во Нормандија.

Доналд Трамп ја бранеше својата одлука да ги повлече американските трупи од Сирија и да ја овозможи турската офанзива против курдските борци што САД ги поддржуваа, истакнувајќи дека Курдите не се бореле заедно со САД во Втората светска војна.

Американскиот претседател им рече на новинарите дека Курдите „не ни помогнаа во Втората светска војна, тие не ни помогнаа со Нормандија на пример - споменуваат имиња на различни битки, тие не беа таму“, во шокантен коментар по потпишувањето на извршните наредби за федералната регулатива во Белата куќа во средата.

„Ние потрошивме огромна сума пари за да им помогнеме на Курдите“, рече претседателот. „Тие се борат за својата земја. Се борат со САД, да. Но тие се борат за својата земја“.

Курдските сили скоро пет години се бореа заедно со САД против Исламска држава, губејќи приближно 11.000 борци.

Трамп рече дека од една „многу, многу моќна статија“ дознал дека Курдите не помогнале во Нормандија, очигледно мислејќи на колумна од конзервативниот автор Курт Шлихтер.

„Сојузите се многу лесни. Но нашите сојузи нè злоупотребија“, им рече Трамп на новинарите. Погрешно претставувајќи како функционира НАТО, тој додаде: „Погледнете колку пари трошиме на НАТО и колку земји од Европа извлекуваат многу поголема корист од нас“.

Турција во средата почна офанзива кон североисточна Сирија, напаѓајќи ги Сириските одбранбени сили (СДФ), поддржани од САД, курдска сила што го контролира регионот. Турската офанзива се случи само неколку дена по телефонскиот разговор меѓу Трамп и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по кој Трамп твитна дека американските трупи ќе се повлечат од регионот.

Одлуката на Трамп да ги напушти курдските групи што се бореа рамо до рамо со САД во Сирија доби осуда од двете партии. Критичарите тврдат дека овој потег предизвикува сомнеж во верноста на САД кон сојузниците, дека може да овозможи воскреснување на ИСИС и го зголеми стравот дека некои од илјадниците борци на ИСИС што се заробеници на Курдите може да избегаат.

Во Белата куќа, Трамп им рече на новинарите дека некои од „најопасните“ затвореници на ИСИС се преместени, но тој не кажа колкав број или каде се однесени.

„Ги носиме на различни места каде што е сигурно“, рече тој.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе