Изненаден сум, таа беше многу, многу пакосна кон Бајден, рече Трамп за Камала Харис (ВИДЕО)

Претседателот на САД, Доналд Трамп, е изненаден од изборот на Камала Харис за демократски кандидат за потпретседател, додека нејзиниот избор го поздравија поранешниот претседател Барак Обама и сенаторот Берни Сандерс, јавуваат агенциите.

Фото: ЕПА

Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден вчера ја избра сенаторката Камала Харис од Калифорнија за кандидат за негов потпретседател, како првата Афроамериканка номинирана на таа позиција.

Претседателот на САД Трамп изјави дека е изненаден од одлуката на Бајден да ја избере сенаторката Харис за свој потпретседател, бидејќи таа во минатото покажувала крајно непочитување кон него.

Трамп тврди дека Харис за време на дебатите била „многу, многу пакосна“.

„Тоа ме изненади затоа што таа се однесуваше со Џо Бајден полошо дури и од Покахонтас. Таа покажа голем недостиг од почит кон Џо Бајден и тешко е да се избере некој што е толку неумесен“, им рече Трамп на новинарите. Со прекарот Покахонтас Трамп ја нарекува демократската сенаторка Елизабет Ворен, која во една прилика лажно тврдеше дека има индијански корени.

Поранешниот претседател Барак Обама на Твитер објави порака за поддршка за одлуката на Бајден. „Долго време ја познавам сенаторката Камала Харис. Таа е и повеќе од подготвена за работата. Таа ја помина кариерата бранејќи го нашиот устав и се бори за оние на кои треба да им се даде фер шанса. Ова е убав ден за нашата земја. А сега, одиме да победиме во ова“, напиша Обама.

На Харис ѝ честиташе и американскиот сенатор Берни Сандерс од Вермонт, кој беше еден од ривалите на Бајден во трката за номинација од Демократската партија.

„Честитки до Камала Харис, која ќе влезе во историјата како наш следен потпретседател. Таа разбира што е потребно во борбата за работните луѓе, за здравствената заштита за сите и за соборувањето на најкорумпираната администрација во историјата“, порача Сандерс на Твитер.

Демократската кандидатка за претседател на изборите во 2016, Хилари Клинтон, напиша на Твитер дека е одушевена со вклучувањето на Камала Харис во „историската демократска влезница“.

„Таа веќе се докажа како извонреден јавен службеник и лидер и знам дека ќе му биде силна партнерка на Џо Бајден“, рече Клинтон, повикувајќи ги сите да ѝ помогнат да биде избрана.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе