„Да го направат Иран повторно голем“

Трамп до иранскиот ајатолах: Треба да внимава што зборува

Американскиот претседател Доналд Трамп му порача на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, дека би требало да внимава што зборува, откако во петокот остро ги критикуваше САД за време на молитвата во Техеран.

„Таканаречениот ирански „врховен лидер“, кој во последно време и не е толку врховен, рече некои грди работи за САД и Европа“, напиша Трамп во твит.

„Нивната економија се распаѓа, а луѓето страдаат. Треба да биде многу внимателен со своите зборови!“, додаде Трамп.

Хамнеи во својата прва петочна молитвена проповед во осум години, меѓу другото, рече дека елитните гардисти би можеле да се борат надвор од иранските граници по американскиот атентат на иранскиот врховен воен командант.

Неговиот одговор уследи по продлабочување на кризата во Иран, кој се бори со немири во земјата поради наглото зголемување на цената на горивата и протестите поради рушењето на украинскиот авион, како и на се поголемиот притисок од странство.

Тој, исто така, во проповедта рече дека „овие американски кловнови кои лажат и велат дека ‘стојат до иранскиот народ’ сега треба да гледаат и да видат кој е иранскиот народ“, и го спомна рушењето на авионот велејќи дека тоа е „горчлива трагедија“ без да понуди извинување.

„Некои се обидоа да го искористат ова како изговор да го засенат мачеништвото на нашиот голем командант Сулејмани“, рече тој, повикувајќи ги Иранците да се обединат и да покажат солидарност на парламентарните избори во февруари.

Но, на социјалните медиуми, некои Иранци реагираа налутено на проповедта на Хамнеи и неговите коментари за авионската катастрофа, особено затоа што немаше извинување, туку само ароганција, како што некои напишаа на Твитер.

Хамнеи исто така го коментираше и однесувањето на некои европски земји, Велика Британија, Франција и Германија, велејќи: „На овие земји не може да им се верува. И нивните преговори со Иран се измама“.

Непосредно по твитот на Трамп, на официјалниот профил на англиски јазик на Хамнеи е објавено дека владата на САД лаже кога вели дека се залага за иранскиот народ.

„Ако стоите покрај иранскиот народ, тоа е само да го прободете во срце со вашите отровни бодежи. Се разбира, досега не успеавте да го сторите тоа, и сигурно ќе продолжите така“, се вели во твитот на Хамнеи.

„Чесниот народ на Иран - кој ја сака Америка - заслужува влада која е повеќе заинтересирана да им помогне да ги остварат своите соништа отколку да ги убива барајќи им почит. Наместо да го водат Иран кон пропаст, неговите лидери треба да го напуштат теророт и да го ‘Направат Иран повторно голем!’“, му одговори Трамп на Твитер.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе