На митинг во Мичиген

Трамп за енергијата на ветер: „Јас знам многу за ветерот, тој не дува секогаш“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повторно ги критикуваше обновливите извори на енергија од ветер, образложувајќи дека ветрот не дувал секогаш.

„Ако не дува, може да заборавите на телевизија таа вечер“, рече тој на митинг во Мичиген.

„'Драги, сакам да гледам телевизија'. 'Извини! Не дува ветер!'. Јас знам многу за ветерот“, додаде тој.

„Ако Хилари станеше претседател, сега ќе работевте со ветерот. Ветерници. Веееее. А ако не дува, може да заборавите на телевизија таа вечер. 'Драги, сакам да гледам телевизија'. 'Извини! Не дува ветер!'. Јас знам многу за ветерот“, рече тој.

Според веб-страницата на Одделот за енергија, електричната мрежа на САД е нагодена да се справува со таквите варијации.

Трамп даде слични коментари во средата во интервју за Фокс њуз, како и минатата недела додека зборуваше во една фабрика во Охајо.

Претседателот, исто така, го критикуваше Зелениот нов договор, велејќи дека сака да води кампања против идејата.

„Не сакам пребрзо да ги премислам“, рече тој. „Обожавам да водам кампања против Зелениот нов договор. Сакам тоа да го направат голем дел од нивната платформа“.

Целта на Зелениот нов договор е во рок од една деценија да се создаде економија базирана целосно на обновлива енергија. Неделава предлог-законот за Зелениот нов договор, претставен од сенаторот Ед Марки, демократ од Масачусетс, беше блокиран во Сенатот.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе