Трамп за демонстрантите кои рушат споменици: Ставете ги тие животни во затвор (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп демонстрантите ги нарече животни, повикувајќи ги безбедносните сили да ги притворат поради уништувањето имот.

EPA-EFE

„Ставете ги тие животни во затвор, сега“, напиша американскиот претседател на Твитер, постирајќи и снимка од уривање непознат споменик, наводно во Портланд.

Републиканскиот претседател се обидува да се претстави како кандидат на законот и редот, по летото обележано со протести против полициската бруталност и расизмот кои често завршуваа со насилство и уништување имот..

Трамп на демонстрантите им посвети повеќе објави на Твитер, нарекувајќи ги „антифа радикали“ и барајќи од ФБИ да ги притвори.

Потоа на својот профил на таа социјална мрежа напиша дека „Калифорнија и Њујорк отидоа по ѓаволите“ и ги повика гласачите да го изберат него на 3 ноември.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе