По оставката на Моралес

Трамп: За чекор сме поблиску кон целосно демократска, напредна и слободна западна хемисфера

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп кажа синоќа дека оставката на претседателот на Боливија Ево Моралес е значаен момент за демократијата на западната хемисфера.

„За чекор сме поблиску до целосно демократска, напредна и слободна западна хемисфера“, кажа претседателот на САД.

Трамп кажа дека САД му аплаудираат на народот на Боливија бидејќи се изборил за слобода и војската на Боливија која ја почитува заклетвата дека ќе го штити уставот на својата земја.

Тој додаде дека Боливија им испратила силен сигнал на Венецуела и Никарагва „дека демократијата и волјата на народот секогаш ќе превладеат“, за што се отворил патот со заминувањето на Моралес.

Првиот домороден претседател поднесе оставка откако војската го повика тоа да го направи по повеќе неделните протести предизвикани од спорните резултати на изборите.

По изборите на 20 октомври Ево Моралес прогласи победа, што ќе беше негов четврти мандат. Тој е на власт веќе 14 години.

Неговите противници тврдат дека се манипулирало со резултатите.

Потоа во јужноамериканската држава почнаа немири во кои животите ги загубија три лица додека околу 200 беа повредени.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе