20 години од НАТО-нападите

Трамп за бомбардирањето на Југославија: Со авионите направија хаос, јас ќе испратев копнени трупи

Сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, на почетокот на октомври 1999 година беше гостин во шоуто на Лари Кинг на Си-ен-ен и зборуваше за бомбардирањето на НАТО врз Сојузна Република Југославија, кое заврши неколку месеци пред тоа.

Трамп тогаш порача дека бомбардирањето предизвикало распад, хаос и терор на Косово.

„Не знам дали тие го сметаат тоа за успех, бидејќи јас не го сметам за успех“, рече тогаш Трамп за бомбардирањето, а спомена и дека размислува да се кандидира на претседателските избори во 2000 година.

На прашањето на Кинг дали тој на Косово би го сторил истото што го направи тогашниот американски претседател Бил Клинтон, Трамп одговори:

„Па јас тоа би го направил малку поинаку. И знам дека тоа би звучело ужасно, но погледнете го хаосот што го предизвикаа на Косово. Ние можеме да кажеме дека сме загубиле малку луѓе. Се разбира, кога имавме авиони што фрлаат бомби од 75.000 стапки (околу 23 километри). Но погледнете што ѝ направивме на таа земја и на тие луѓе и умирањата што се случија поради нас. Значи, немаше загуби кај нас и кај сојузниците, затоа што ние бевме сосема таму горе, во авиони“, изјави Трамп.

„Во одреден момент мора да испратите копнени трупи, за никој да не може да ги преминува границите и сè друго“, рече тогаш Трамп и истакна дека „многу луѓе се согласуваат со тоа“.

„Е сега, дали тие луѓе би биле убиени? Можеби. Можеби и повеќе. Но барем ќе имавме многу помалку смртни случаи и немаше да ги имате распадот и хаосот што сега ги имате. Значи, јас не знам дали тие тоа го сметаат за успех, бидејќи јас не го сметам за успех. Тие жестоко ја избомбардираа земјата и целата таа област, сите бегаат во сите можни правци и никој не знае што се случува. А смртни случаи има илјадници“, рече Трамп пред 20 години.

Вчера беше 20-годишнината од почетокот на бомбардирањето на НАТО врз Југославија, на 24 март 1999 година.

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе