Трамп за блокадата: Тоа што го направија Фејсбук, Гугл и Твитер е вистинска срамота

Доналд Трамп ја нарече „вистинска срамота“ одлуката на социјалните мрежи привремено да ги затворат неговите профили, во соопштение објавено откако надзорниот одбор на Фејсбук објави дека ја продолжува забраната за постирање на Фејсбук и на Инстаграм која се однесува на поранешниот американски претседател.

EPA-EFE

„Тоа што го направија Фејсбук, Твитер и Гугл е вистинска срамота“, напиша во соопштението.

„На американскиот претседател му ја одзедоа слободата на говорот бидејќи лудаците од крајната левица се плашат од вистината, но вистината секако ќе излезе на виделина, поголема и посилна од кога било“, додаде Трамп, мислејќи на неоснованите обвинувања кои претходно ги изнесе во врска со американските претседателски избори одржани во ноември 2020.

„Народот на оваа земја нема да го трпи ова! Овие групи социјални мрежи мора да ја платат политичката цена и никогаш повеќе не смее да им се дозволи да го уништуваат и поганат нашиот изборен процес“, додаде поранешниот американски претседател.

Во ист тон реагираа и републиканските пратеници во Конгресот заканувајќи се со напад врз големите технолошки компании ако на следните парламентарни избори, на средината на мандатот, во ноември 2022, повторно го освојат мнозинството.

„Ако Фејсбук може да му го забрани пристапот на претседателот Трамп, тогаш тоа можат да му го направат на секој конзервативец“, објави на Твитер лидерот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом Кевин Мекарти. „Републиканското мнозинство во Домот ќе ја ограничи моќта на технолошките могули врз нашиот збор“, најави тој.

Надзорниот одбор на Фејсбук ја потврди суспензијата на поранешниот американски претседател Трамп на социјалната мрежа, но му даде на Фејсбук шест месеци да одреди „разумен одговор“ за во иднина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе