Трамп за Бајден и Путин: како Њу Ингланд патриотс против средношколски тим

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се осврна на вчерашниот онлајн-самит меѓу претседателот Џо Бајден и рускиот лидер Владимир Путин. Како што рече, рускиот претседател не треба да се грижи по хаосот со американското повлекување од Авганистан.

Фото: ЕПА

„Владимир Путин треба само да го погледне нашето патетично предавање во Авганистан, кога зад себе оставивме мртви војници, американски граѓани и воена опрема вредна 85 милијарди долари, а потоа да фрли поглед на Бајден. Тој воопшто не е загрижен“, рече Трамп по самитот Путин-Бајден, на кој американскиот претседател ѝ се заканил на Москва со санкции доколку ја нападне Украина.

Според Раша тудеј, пред онлајн-самитот, Трамп жестоко го критикувал својот наследник, велејќи дека разговорот на Путин со Бајден бил како да ги гледаш „Њу Ингланд патриотс како играат против вашиот средношколски тим“.

Поранешниот американски претседател се пофали и дека тој имал добри односи со рускиот лидер и со другите шефови на држави и влади додека бил во Белата куќа, но дека бил „тврд со сите нив“.

Бајден и Путин разговараа вчера преку видеоповик, а фотографијата објавена од Белата куќа покажува дека на видеоповикот присуствувале државниот секретар Ентони Блинкен, Џејк Саливан и вишиот директор задолжен за Русија и Централна Азија Ерик Грин.

„Ќе ве погледнам во очи и ќе ви кажам, како што претседателот Бајден го погледна Путин во очи и му рече денеска, дека сега сме подготвени да направиме работи што не ги правевме во 2014 година“, им рече на новинарите советникот за национална безбедност Џејк Саливан по видеосредбата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе