Објавена снимка

Трамп за американската амбасадорка во Украина: „Исфрелете ја утре“ (ВИДЕО)

На аудио-снимка од донаторска вечера на Доналд Трамп во 2018 година се слуша како тој енергично зборува за отпуштањето на тогашната американска амбасадорка во Украина Мари Јованович.

На снимката објавена денес се слуша како Трамп во еден момент вели „Ослободете се од неа!“

Речиси 90 минути долгата снимка јавно ја сподели адвокатот на Лев Парнас, бизнисмен роден во тогашниот Советскиот Сојуз, кој потоа работел со Трамповиот адвокат Руди Џулијани на смената на Јованович, која конечно се случи во април 2019 година.

„Исфрелете ја утре. Не ме интересира. Направете го тоа, океј“, се слуша како Трамп зборува на снимката, пренесува Си-ен-ен.

Новинарите на медиумската мрежа ја преслушале снимката, но не можеле да ги идентификуваат другите соговорници на Трамп.

Снимката фрла ново светло на поврзаноста на американскиот претседател со Парнас, за кој тврди дека никогаш не го запознал, како и на желбата на Трамп да ја тргне Јованович што е едно од обвиненијата во процесот за негово отповикување.

Адвокатот на Парнас Џозеф Бонди напиша денес на Твитер дека снимката ја направил друг соработник на Џулијани, Игор Фруман, и му ја дал на Парнас по вечерата.

Бонди додаде дека бизнисменот има уште снимки од претседателот на САД.

За време на разговорот Трамп прашува некого кој би можел да биде Парнас колку долго Украина би можела да издржи борба против Русија.

„Без нас не може многу долго“, се слуша одговорот, додека друго лице додава „околу 30 минути“.

Неколку месеци подоцна Трамп ја блокираше воената помош за Украина.

Лицето за кое се верува дека е Парнас потоа вели дека треба да се почне со „отстранување на амбасадрката Јованович, која е остаток од Клинтоновата администрација“.

На прашањето на Трамп дали мисли на амбасадорката во Украина, лицето за кое се верува дека е Парнас одговара: „Да, таа оди наоколу и на сите им зборува – причекајте, тој ќе биде отповикан“.

По смеењето на масата, се слуша како некој вели: „Таа ќе замине утре“. Околу 10 секунди подоцна, Трамп гневно вели: „Ослободете се од неа. Исфрлете ја утре. Исфрелtе ја, океј. Направете го тоа“.

Сојузното обвинителство во Њујорк ги обвини во октомври Парнас и Фруман за злоупотреба на финансирањето на кампањата, а тие се изјаснија дека не се виновни.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе