Како одговор на соборувањето на дронот

Трамп воведе санкции против иранскиот врховен лидер

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска рече дека ќе потпише извршна наредба со која ќе се воведат нови „силни санкции“ против Иран, како одговор на соборувањето на американското беспилотно летало од страна на Техеран минатата недела.

Трамп рече дека целта на најновите санкции ќе биде иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи.

Новите санкции доаѓаат еден ден откако САД рекоа дека покренале масовни и успешни сајбер-напади против иранските воени компјутерски системи, иако Техеран тврди дека напорите на Вашингтон биле безуспешни.

Трамп во петокот рече дека го откажал воениот напад врз Иран затоа што во него би биле убиени 150 луѓе и рече дека не сака војна, но вети „уништување какво што никогаш не сте виделе“ ако САД некогаш одлучат да го нападнат Иран.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе