Трамп во ОН го пофали здравството на непостоечка африканска држава (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера за време на обраќањето до африканските лидери во ОН го испофали здравствениот систем на Намбија.

„Во Гвинеја и Нигерија се боревте со страшна епидемија на ебола. Здравствениот систем на Намбија е сѐ повеќе самостоен“, кажа Трамп.

Тој неколку пати ја спомна „Намбија“ пред лидерите на Гана, Уганда и – Намибија, за која подоцна Белата куќа потврди дека е државата која Трамп се обидувал да ја изговори.

Трамп исто така кажа дека „Африка има огромен бизнис потенцијал“ и со насмевка додаде: „Голем број мои пријатели заминуваат во вашите држави за да се збогатат. Ви честитам. Тие трошат многу пари“. Овој коментар беше сфатен како невнимателна асоцијација на колонијализмот во Африка.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе