Трамп во одбрана на својот кандидат за Врховен суд од обвиненијата за сексуален напад

Обвиненијата за сексуално злоставување против судијата Брет Кавано, кандидатот на Доналд Трамп за Врховниот суд на САД, се „исклучиво политички" по природа, истакна денес американскиот претседател во Њујорк.

„Тоа е исклучителен човек со минато без дамка“, „одлична личност“, изјави Трамп за конзервативниот судија. „Сето ова доаѓа изненадно и според мое мислење е исклучиво од политичка природа“, изјави претседателот Трамп, истакнувајќи дека обвиненијата се изнесуваат триесет години по наводното извршување на стореното дело, пренесе АФП.

Весникот Њујоркер во неделата објави сведочење на поранешна колешка на судијата од факултет Дебора Рамирез (53), која го обвини за напаствување. На забава во 80-те, младиот Кавано наводно ја присилил да му ги допира интимните делови на што таа се спротивставувала, ова судијата одлучно го негира.

Една недела претходно, поранешна познаничка од средношколските денови Кристин Блејзи Форд (51) изјави за Вашингтон пост дека Кавано во раните 80-ти ја турнал на кревет и се обидел да ја соблече. И тоа решително го демантираше.

Правниот одбор на Сенатот задолжен за проучување на кандидатурата за Врховен суд, во четврток треба јавно да ги сослуша судијата и Блејзи Форд, психолог.

Неколку недели пред изборот, на средина на мандатот кои демократите сакаат да го претворат во референдум против Трамп, овие сослушувања би можеле да влијаат на изборите.

Покрај тоа, потврдата на судијата Кавано би овозможила превласт на конзервативците во Врховниот суд на подолга низа години. Ова највисоко судско тело во САД одлучува за важни прашања за американското општество како што се носење оружје, истополов брак, абортус, позитивна дискриминација и слично.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе