Трамп во Калифорнија ги посети прототипите за ѕидот кон Мексико (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Сан Диего во Калифорнија, каде што ги разгледа прототипите на ѕидот што сака да го подигне на границата со Мексико.

Осум прототипови на ѕидот, високи околу девет метри, се подигнати во близина на мексиканската граница и служат како модели на ѕидот што Трамп сака да го изгради.

Колоната на Трамп беше пречекана од противници и поддржувачи на претседателот.

Двете групи ги делеа голем број полицајци во заштитна опрема, но протестите поминаа мирно.

Демонстрантите извикуваа „Не ѕид“ и „Не забрана“. Друг носеше знаме, а трети покажуваа среден прст, пренесе АП.

Трамп рече дека граничниот ѕид е „навистина прва линија на одбраната“.

Ова е прва посета на Трамп во Калифорнија како претседател. Тој исто така ќе им се обрати и на маринците во Сан Диего, пред да замине во Лос Анџелес.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе