Трамп вети дека ќе ја порази радикалната левица во говорот по повод Денот на независноста (ВИДЕО)

Во говорот по повод Денот на независноста во Белата куќа во саботата, американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ја победи „радикалната левица", а рушењето на спомениците и преиспитувањето на американската историја го опиша како обид за уништување на Соединетите Држави.

Screenshot

„Отсекогаш имало такви што сакаат да лажат за минатото за да добијат моќ во сегашноста, оние што лажат за нашата историја, оние што сакаат да се срамиме од тоа кои сме“, рече Трамп во саботата. „Нивната цел е уништување“.

Тој вети дека ќе ја победи радикалната левица. Тој направи паралела со поразените нацисти и сегашниот „процес на пораз на радикалната левица“.

Додека Трамп држеше говор, мирни демонстранти повикаа на расна рамноправност во близина на Белата куќа.

Милиони Американци протестираа против расната нееднаквост и полициската бруталност од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во мај. Некои демонстранти ги соборија спомениците поврзани со Конфедерацијата и ропството.

Трамп во петокот на планината Рашмор исто така ги осуди демонстрантите што рушат споменици, велејќи дека со тоа се загрозува американското национално наследство.

Одбележувањето на Денот на независноста се одвива во време кога бројот на нови инфекции со коронавирус расте во американските сојузни држави, а Трамп без никакви докази тврди дека 99 проценти од случаите се „целосно безопасни“.

Иако има бројни критики за неговото справување со пандемијата, Трамп тврди дека Кина „мора да одговора за неуспешното сузбивање на коронавирусот“.

Трамп, исто така, во својот говор порача дека САД ќе имаат вакцина или терапија против вирусот „доста пред“ крајот на 2020 година.

Во петокот во САД е регистрирани рекорден број на дневни зарази, дури 52.300, покажуваат податоците од универзитетот Џон Хопкинс.

Џо Бајден, ривалот на Трамп на претседателските избори во ноември, објави коментар во кој го обвинува американскиот претседател дека секојдневно наоѓа „нови начини за рушење на демократијата“.

Градоначалничката на Вашингтон, Муриел Боузер се обиде да ја убеди администрацијата на Трамп да се откаже од прославата затоа што е во спротивност со препораките на здравствените власти.

Во петокот преку Твитер таа ги повика граѓаните да носат маски, да практикуваат социјално дистанцирање и да избегнуваат големи собири.

„Вашето семејство, вашите пријатели и вашиот град сметаат на вас“, напиша Баузер.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе