Трамп вели дека за Врховниот суд ќе номинира жена: „Ми се допаѓаат повеќе од мажите“ (ВИДЕО)

Претседателот на САД Доналд Трамп објави дека следната недела ќе номинира жена која во Врховниот суд на САД ќе ја наследи покојната Рут Бадер Гинсбург.

Фото: Твитер

„Следната недела ќе објавам кој е номиниран. Ќе биде жена“, рече Трамп на предизборниот митинг во саботата во Фејетвил, Северна Каролина.

„Мислам дека треба да биде жена, затоа што жените многу повеќе ми се допаѓаат отколку мажите“, додаде Трамп.

Додека Трамп го зборуваше ова, приврзаниците скандираа: „Пополнете го тоа место“.

Претходно Трамп пофали две жени судијки кои служат во федерални апелациони судови како можен избор за Врховниот суд на САД - Ејми Кони Барет со седиште во Чикаго и Барбара Лагоа со седиште во Атланта.

Некои сенатори во саботата рекоа дека номинацијата за избор во Врховниот суд по смртта на Гинсбург сепак треба да ги почека новите избори за американски претседател на 3 ноември и дека одлуката треба да ја донесе претседателот кој тогаш ќе биде избран.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе