Трамп вечерва ќе одржи говор пред ултрадесничарите: Нема да создаваме нови партии“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп денес се враќа на политичката сцена со говор на најголемиот годишен собир на конзервативците во Орландо, Флорида, решен да ја врати контролата врз ослабената Републиканска партија која се прашува постои ли можност поранешниот американски претседател да ги освои изборите во 2024 година.

EPA-EFE

Трамп јавно ќе зборува на трибина за првпат откако ја напушти Белата куќа, во рамки на годинешниот собир на претставници и поддржувачи на американската конзервативна партија, кој почна во петокот на Флорида.

Поранешниот американски претседател таму е на свој терен – сè е полно со знамиња, капи и други предмети на кои е испишано името на Трамп, а на влезот во главната сала е поставена позлатена статуа која го прикажува републиканскиот милијардер.

Но, Републиканската партија по насилниот упад во Капитол сепак е поделена меѓу членовите.

По четирите години од мандатот на Трамп, републиканците ја загубија контролата врз Конгресот и Белата куќа. Упадот и бунтот во Капитол се неславниот крај на мандатот на Трамп против кого беше поднесено обвинение поради поттикнување на немирите.

Неговите сојузници и противници ги интересира одговорот на истото прашање: дали74-годишниот милијардер денес ќе ја објави веста за повторна кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави во 2024 година?

Организаторите сметаат дека тоа веројатно нема да го направи директно, но дека оваа тема би можела да се наметне индиректно.

Во својот прв говор по 20 јануари, Трамп ќе зборува за „иднината на Републиканската партија и конзервативното движење“, кажа за Франс прес извор близок до поранешниот претседател.

„Нема да формираме нови партии, нема да ја делиме својата моќ. Ќе бидеме обединети и моќни како никогаш до сега“, е дел од говорот на Трамп до чиј транскрипт дошла мрежата Фокс њуз.

Неговиот говор е најавен за 15:40 по локално, или 21:40 по средноевропско време.

Трамп би требало да зборува и за проблемите со емиграцијата и да ја критикува „катастрофалната политика“ на својот демократски наследник и политички противник Џо Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE