Трамп уште утре би можел да биде ослободен од обвиненијата

Шансите републиканците да го прифатат барањето на демократите и да дозволат сведови на судењето за отповикување на Доналд Трамп во американскиот Сенат се сѐ помали, со што расте можноста американскиот претседател да биде ослободен од обвиненијата уште во петок.

Сенаторите вчера им поставуваа прашања на адвокатскиот тим на Трамп и на демократските пратеници од Претставничкиот дом кои се „обвинители“ на судењето во постапката за отповикување.

Белата куќа се спротивстави на планираното објавување на книгата на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон, кој кажа дека претседателот имал централна улога во политички мотивираната кампања на притисок врз Украина.

Американскиот републикански сенатор Џон Барасо, број три по рангот, кажа дека е можно судењето да заврши утре и демократите да не ја остварат својата цел, што е повикување сведоци.

„Јасно се оди кон конечната одлука во петок. Тоа гласање ќе се одржи во петок“, кажа тој иако призна дека уште неколку сенатори сакаат да ги слушнат одговорите на прашањата.

На демократите им се потребни четири гласа на републикански сенатори за да имаат мнозинство за изгласување повикување на сведоци.

Се очекува Сенатот да го ослободи Трамп, но демократите сакаат со сведоштвата на сведоци како Болтон да му нанесат политичка штета пред изборите на есен.

Бидејќи поради вонредната состојба не сме во можност да излеземе на стандардни протести пред Владата, нашиот протест ќе го искажеме преку социјалните мрежи и медиумите, за да се слушне и да се види за нашето незадоволство, велат голема група фризери, бербери, козметичари..., кои се едни од најпогодените од вонредната состојба и изолациите. Нивното писмо до нашата редакција го пренесуваме во целост.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе