Неговиот адвокат е заразен

Трамп уште го нарекува САРС-КоВ-2 „кинески вирус“

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа соопшти дека неговиот личен адвокат Руди Џулијани е заразен со коронавирусот.

Фото: ЕПА

Џулијани, кој веќе над еден месец е на турнеја низ САД за да ги оспори претседателските избори, бил гледан на состаноците без заштитна маска.

„Руди Џулијани, убедливо најдобриот градоначалник во историјата на Њујорк, кој неуморно работи на откривање на најкорумпираните избори во историјата на САД, е позитивен на кинескиот вирус“, рече Трамп на Твитер, користејќи го терминот „кинески вирус“ за САРС-КоВ-2, што претходно предизвикуваше бес кај кинеските власти.

Џулијани (76), кој неколку часа пред тоа даде интервју во живо за телевизијата Фокс њуз, не покажуваше симптоми на коронавирусот.

Адвокатот на Трамп беше во Мичиген, Пенсилванија, Џорџија и Вашингтон и на други места, откако демократот Џозеф Бајден прогласи победа на претседателските избори одржани на 3 ноември.

Американското судство досега отфрли многу жалби од правниот тим на Трамп за наводни нерегуларности на изборите.

Самиот Трамп во саботата, на митинг во Џорџија, прв по изборите, не носеше маска.

Повеќето од учесниците на собирот исто така беа без маска.

Републиканскиот милијардер во почетокот на октомври беше заразен со коронавирусот, како и неговата сопруга Меланија и неколку члена на неговата придружба.

По три дена хоспитализација, Трамп се врати во Белата куќа пред интензивно да ја продолжи изборната кампања неколку дена подоцна.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе