Трамп тврди дека шефот на ЦДЦ бил збунет кога кажа дека маските штитат подобро од вакцините

Откако Роберт Редфилд, директорот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), на расправата пред Конгресот тврдеше дека маската може да обезбеди подобра заштита и од вакцините, американскиот претседател Доналд Трамп му возврати на тоа.

Фото: ЕПА

Редфилд беше збунет околу прашањето и погрешно одговори, изјави Трамп за водечкиот американски виролог.

„Дури и ако вакцината за коронавирус биде одобрена во следните недели, тешко дека ќе биде широко достапна за јавноста до средината на следната година“, рече Редфилд на сослушувањето.

„Маските се најважната и најмоќната алатка што ја имаме во борбата против пандемијата. Би можел да одам дотаму да кажам дека маската за лице ми е поголема гаранција за заштита од коронавирусот отколку вакцината против ковид“, рече Редфилд, додавајќи дека вакцините не се 100% ефикасни, пренесе Ју-ес-еј тудеј.

„Ако не добијам имунолошки одговор, вакцината нема да ме заштити“, рече тој. „Оваа маска за лице ќе ме заштити.“

Трамп потоа на прес-конференција го обвини дека греши и со потсмев му рече дека бил збунет кога одговорил на прашањето.

„Верувам дека бил збунет“, рече тој пред новинарите во Белата куќа, а мна Редфилд у се спротивстави и околу крајниот рок кога вакцината ќе биде достапна. Додека Редфилд предупреди дека е малку веројатно дека ќе биде достапна пред летото или есента на следната година, Трамп инсистира на тоа дека ќе биде достапна до крајот на годината - а можеби и пред изборите на 3 ноември.

Трамп исто така рече дека го повикал Редфилд и дека шефот на ЦДЦ се согласил со него дека „погрешно одговорил“ на прашањето околу маските и вакцините.

Набргу по брифингот на Трамп, Редфилд одговори на коментарите на претседателот на Твитер јасно промовирајќи ја употребата на маските.

„Јас 100% верувам во важноста на вакцините и важноста особено на вакцината против ковид-19. Вакцината против ковид-19 е нешто што ќе им овозможи на Американците да се вратат во нормален живот“, напиша Редфилд.

„Најдобрата одбрана што во моментов ја имаме против овој вирус се важните превентивни мерки како носење маски, миење раце, социјално дистанцирање и да се внимава околу гужви“, додаде тој.

На Трамп му се спротивстави и неговиот претседателски противкандидат Џо Бајден.

„Да бидеме јасни. Верувам во вакцината, верувам во научниците, но не му верувам на Доналд Трамп“, рече Бајден и додаде дека во моментов ни американскиот народ не може да му верува на Трамп.

Американската влада најави дека ќе започне со дистрибуција на вакцина против ковид-19 во рок од еден ден од добивањето на дозвола и планира ограничен број на дози да бидат достапни веќе кон крајот на оваа година. Досега во САД умреле 195.000 луѓе, повеќе отколку во која било друга земја.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе