„Исклучителни луѓе и одлични борци“

Трамп тврди дека САД не ги напуштиле Курдите

Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека Вашингтон не ги „напуштил“ Курдите, и покрај неодамнешното објавување на повлекувањето на американските сили од регионот на северна Сирија, покрај границата со Турција.

„На пат сме да ја напуштиме Сирија, но апсолутно не сме ги напуштиле Курдите кои се исклучителни луѓе и одлични борци“, напиша Трамп на Твитер.

Според него, САД и понатаму ќе ги помагаат Курдите, и финансиски и со оружје.

Трамп наведе и дека САД имаат добри односи со Турција, но предупреди дека „неиспровоцирани и непотребни“ турски акции ќе бидат „разорни за турската кревка економија“.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе