Трамп тврди дека Ким Џонг Ун во Ханој преговарал да укине само 1 или 2 нуклеарни локации

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на самитот во Ханој кажал дека сака да отстрани само една или две, од петте нуклеарни локации во таа земја, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

„Напуштајќи го самитот му кажав на Ким, и тоа е многу важно, дека не е спремен за договор, бидејќи сака да се откаже само од еден или два објекти“, кажа Трамп.

„Северна Кореја има пет локации. Го прашав што со останатите три. Тоа не е добро“, кажа американскиот претседател.

Самитот во Ханој пропадна откако Трамп и Ким не успеаја да ги надминат несогласувањата околу програмата за денуклеаризација на Северна Кореја и намалувањето на американските санкции. Од тогаш билатералните преговори се во застој.

Трамп истакна и дека немаше нуклеарни тестирања и лансирања на проектили со долг дострел за време на дипломатските напори на неговата администрација.

Во изминатите недели Пјонгјанг изврши низа суптилни потези без прекинување на самонаметнатиот мораториум на нуклеарни и ракетни тестирања на проектили со долг дострел, за да изврши притисок врз Вашингтон да покаже флексибилност во преговорите, наведува јужнокорејската агенција Јонхап.

Агенцијата потсетува дека Ким постави рок до крајот на годината САД да ја најдат вистинската методологија за преговорите.

Осврнувајќи се на тензиите со Иран, Трамп ја повтори решителноста да не дозволи Техеран да има нуклеарно оружје, но истакна дека не сака да влезе во војна.

„Јас сум некој кој не сака да влезе во војна бидејќи им штети на економиите и, што е најважно, војната убива луѓе“, заклучи Трамп.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе