Трамп тврди дека Иран „сега ги почитува САД“ поради неговата политика

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Иран целосно го сменил своето однесување како резултат на неговите санкции и повлекувањето од нуклеарниот договор. „Техеран сега ги почитува САД и пати од недостиг од леб“, кажа Трамп.

Одговарајќи на новинарски прашања, Трамп зборуваше за трговската војна со Кина и кавгата со Мексико околу емиграцијата, пред да ги спомне тензиите меѓу САД и Иран.

„Иран е држава која сега, поради сите санкции и други нешта, е многу поинаква земја отколку што беше кога јас дојдов тука (во Белата куќа)“, кажа Трамп. „Кога дојдов тука тие беа насекаде, предизвикувајќи терор, предизвикувајќи проблеми“.

Според Трамп, ова е поради тоа што „тие ги почитуваат Соединетите Држави во моментов многу повеќе од кога било“.

Не давајќи доказ за своите тврдења, Трамп си ја препиша целата заслуга за наводната состојба на односите, тврдејќи дека промената во однесувањето на Техеран е резултат на повлекувањето на Вашингтон од нуклеарниот договор од 2015 и враќањето на строгите санкции врз иранската економија.

„Тие имаа страшна инфлација, нивните пари се безвредни, не можат да купат леб“, кажа тој, пред да истакне дека длабоко е загрижен за иранскиот народ. „Би сакал да им помогнам со решавањето на тие проблеми“.

Администрацијата на Трамп спроведува политика на „максимален притисок“ врз Иран во изминатата година. Колку и да се страшни санкции, во Иран сепак нема хиперинфлација. Иако има извештаи за недостиг од храна, ситуацијата не е ни приближно толку лоша колку што ја претстави Трамп, јавува Раша тудеј.

Американската влада испрати воени бродови во Персискиот Залив и продолжи да воведува дополнителни санкции. Трамповиот советник за национална безбедност Џон Болтон, пак, отворено се заканува со почнување воена интервенција против Иран, додека личниот адвокат на американскиот претседател Руди Џулијани им држи говори на иранските дисиденти во Европа, ветувајќи им смена на режимот во Техеран.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе