Трамп тврди дека без него Хонг Конг би бил уништен за 14 минути

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека кинеската војска не интервенирала против демонстрантите во Хонг Конг само затоа што тој тоа го побарал од кинескиот колега Си Џинпинг.

„Без мене Хонг Конг би бил уништен за 14 минути. Тој (Си Џинпинг) има милион војници на позиции надвор од Хонг Конг. Тие не интервенираа само затоа што тоа јас го побарав“, кажа Трамп за телевизијата Фокс њуз.

Американскиот претседател кажа дека САД треба да ги поддржат продемократските демонстранти во Хонг Конг но додаде дека тој го поддржува и Џинпинг.

Протестите во Хонг Конг се одржуваат од почетокот на јуни. Тие тогаш избија поради предлог законот за екстрадиција кој предвидуваше предавање на осомничените на Пекинг, но набрзо прераснаа во борба за демократски права и зачувување на граѓанските слобиду кои на Хонг Конг му се загарантирани од 1997 кога Британија ѝ ја врати својата поранешна колонија на Кина.

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе