Трамп: Тестирањето мало оружје на Пјонгјанг ги вознемири моите луѓе, но не и мене

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека воопшто не е вознемирен од веста за новото покажување мускули од Пјонгјанг.

Лансирањето некои мали оружја од Северна Кореја загрижи дел од моите луѓе, а и некои други, но не и мене, напиша Трамп на Твитер за време на својот престој во Јапонија.

Пјонгјанг во почетокот на мај пробно лансираше балистички проектили со краток дострел, со што ја прекина двегодишната пауза во ракетните лансирања. Очекувано, веста ги потресе „грабливците“ во Вашингтон.

Претседателот ги смируваше нивните стравови, велејќи дека е убеден дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун ќе го исполни ветувањето што му го дал, да не лансира балистички ракети со долг дострел и да не спроведува нуклеарни тестови.

Разговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг пропаднаа за време на состанокот Трамп-Ким во Ханој, Виетнам, во февруари. Севернокорејските дипломати соопштија дека ова се случило бидејќи САД одбиле делумно да ги укинат санкциите во замена за дополнителни гаранции дека нацијата повеќе нема да спроведува ракетни тестови со долг дострел.

Северна Кореја подоцна изјави дека разговорите не можат да продолжат сè додека САД не го променат својот пристап и не престанат да поставуваат „невозможни“ барања. Официјалните лица дури и поставија конкретно барање за повлекување на Мајк Помпео од преговарачкиот тим. Белата куќа одби, инсистирајќи на тоа дека Помпео ќе продолжи да ги води разговорите.

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе