Трамп: Срцето ми се крши за секој што изгубил некого поради короната, ја чувствувам таа болка (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, во петокот се обиде да пронајде начин да ги подобри своите изборни изгледи во државата Флорида обраќајќи им се така на постарите граѓани, додека неговиот ривал Џо Бајден го нападна одговорот на Трамп на пандемијата на коронавирусот на турнејата во Мичиген.

Двајцата кандидати ги фокусираа своите кампањи на државите кои ќе го одредат победникот на изборите на 3 ноември. Откако помина ден во Флорида, Трамп одржа митинг во Џорџија, која традиционално е републиканска држава.

Републиканецот Трамп заостанува на анкетите, а последните податоци од неговата кампања покажуваат дека тој заостанува и во однос на собраните средства додека трката се интензивира, а до денот на изборите преостануваат уште 18 дена. Предвременото гласање веќе руши рекорди, бидејќи својот глас по пошта веќе го дале 23 милиони Американци.

Трамп и републиканскиот национален одбор собрале околу 247,8 милиони долари во септември, објави неговиот менаџер на кампањата на Твитер, значително помалку од 383 милиони долари собрани од Бајден и демократската партија.

На собирот во затворени простории на кој присуствуваа постари лица од Форт Мајерс, Флорида, Трамп изрази некарактеристична емпатија кон оние кои загубиле членови на семејството поради ковид-19.

„Срцето ми се крши за секое семејство кое тагува, кое изгубило драгоцено сакано лице. Го чувствувам нивното страдање. Ја чувствувам нивната загуба. Ја чувствувам нивната болка“, рече Трамп, кој неодамна се опорави од својата битка со болеста.

Бајден, демократ, покажа сила со постарите гласачи, од кои многумина го обвинија Трамп за неговиот одговор на здравствената криза. Бајден го прекори Трамп за тоа што честопати ја минимизираше сериозноста на кризата и ја осуди администрацијата што сакаше да го укине Законот за достапна нега, познат како Обамакер.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе