Трамп состанокот со лидерите на членките на НАТО го оцени како фантастичен: „Добив сѐ што сакав“ (ВИДЕО)

Самитот на НАТО кој на моменти беше многу бурен поради нападите на американскиот претседател Доналд Трамп на сојузниците дека трошат премалку на војската, заврши сепак со помирлив тон. Иако веќе ги навикна сите на својата непредвидливост, Трамп сепак изненади кога и на вториот ден на самитот, надвор од дневниот ред, го постави прашањето за распределба на трошоците за одбраната, обвинувајќи ги Германија и другите побогати членки дека премалку даваат за одбраната, а дека истовремено Америка губи со нив во трговската размена.

На крајот на самитот Трамп свика конференција за новинарите која не беше планирана и кажа дека лидерите на земјите членки на НАТО се сложиле „значително да ги зголемат“ трошоците за одбрана и дека НАТО денес е многу посилен отколку пред два дена. Не прецизираше колкаво зголемување е договорено, но кажа дека во изминатата година се издвоени 33 милијарди долари повеќе за одбрана и тоа без Соединетите Држави.

Трамп бара двата отсто од БДП да почнат да се издвојуваат што побрзо, и тоа за одредено време да се зголеми на 4 отсто за одбранбените буџети. Според дипломатски извори, спомнувањето на 4 отсто е одреден вид трговска тактика да се бара значително повеќе за да се добие барем нешто повеќе. Конференцијата за новинарите беше аранжирана како театарска претстава. Просторијата беше затемнета, а само говорницата и зад неа Трамп беа осветлени.

Трамп самитот на НАТО го претстави како лична победа, истакнувајќи дека добил сѐ што сакал, иако нешто претходно стигнаа драматични вести од дипломатски извори дека се заканил со повлекување на САД од НАТО ако останатите земји не ги зголемат трошоците за одбрана. „Има кажав дека би бил многу несреќен ако тие не ги исполнат своите обврски, дека би бил крајно незадоволен, но сите на крајот се сложија. Едно време беше прилично остро“, кажа Трамп.

Трамп самитот на НАТО го оцени како „фантастичен“ и одржан во „колегијален дух“. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кажа по самитот дека сите сојузнички ја слушнале пораката на Трамп и дека по искрената расправа за поправедна распределба на товарот за одбрана НАТО е уште посилен и дека е засилена свеста за нужноста од зголемување на одбранбените трошоци.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе