Ескалација на тензиите

Трамп соопшти дека американски воен брод соборил ирански дрон

Доналд Трамп изјави дека морнаричкиот амфибиски десантен брод УСС Боксер „уништил“ иранско беспилотно летало што било на „околу 1.000 метри“ од бродот.

Говорејќи во Белата куќа попладнево, претседателот ги повика другите нации да се одбранат од обидите на Иран да „ја наруши слободата на навигацијата и глобалната трговија“ и „да ги заштитат своите бродови додека одат низ (Ормускиот теснец)“.

Тој опиша дека УСС Боксер презел „дефанзивна акција“ откако беспилотното летало ги игнорирало постојаните повици за да се повлече.

Беспилотното летало било закана за безбедноста на американскиот воен брод и екипажот, рече претседателот.

Иран неодамна собори американско беспилотно летало за кое се вели дека летало над Иран.

САД, исто така, побараа од Иран веднаш да го ослободи бродот што денеска го заплени во Заливот, непосредно пред УСС Боксер да го погоди беспилотното летало.

„САД остро го осудуваат континуираното вознемирување на бродовите од страна на морнарицата на Исламската револуционерна гарда и мешањето во безбедното преминување во и околу Ормускиот теснец“, изјави портпаролот на Стејт департментот во изјавата испратена до Ројтерс.

Трамп на Твитер објави видео од своето соопштување попладнево, пишувајќи: „Сакам да ги известам сите за денешниот инцидент во Ормускиот теснец“.

„Боксер презеде дефанзивна акција против иранско беспилотно летало“, додаде тој.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе