Многу неправилности и недоследости во текот на целиот ден, лица што требаа да гласаат вчера не можеа да гласат, денеска имаше примери на „бугарски возови“, имаше ситуации на изборен материјал кај избирачките места, прекини на гласањето, но имаше и притисоци врз наши поддржувачи и активисти и членови од структури на власта, но и од структури на најголемата опозициска партија, рече Мециновиќ.
Тој истакна дека имало и закани со отпуштања од работни места по изборите. Мециновиќ истакна дека лажни вести беа дека Левица повикуа на бојкот и дека лидерите на нашата партија не гласале, што најде место и во некои медиуми.
„Левица повикуваше на гласање и беше најголемиот непријател на оваа власт“, истакна тој.
„Очекуваме позитивен резултат и го поздравуваме заминуваето на оваа власт во опиозиција“, рече порпаролот на Левица и кандидат за пратеник.