Трамп со совет до француските пожарникари што го гасат Нотр Дам: „Употребете канадери“

Американскиот претседател Доналд Трамп се „приклучи“ во хаосот околу пожарот што ја пустоши катедралата Нотр Дам во Париз, сугерирајќи дека пожарникарите би требало да употребат „летачки танкери со вода“ односно канадери, и „брзо да реагираат“.

„Страшно е да се гледа огромниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Можеби летачки танкери со вода би можеле да бидат употребени во гаснењето. Мора да се реагира брзо!“, напиша американскиот претседател денес, неколку минути пред кулата на катедралата да се урне, и делови од покривот да попуштат од оштетувањето.

Пожар денес изби на скелињата на покривот на катедралата Нотр Дам, тешко оштетувајќи ја 850 години старата готска катедрала на која се врши реставрација. Таа е најпосетуваната знаменитост во Париз, пред музејот Лувр и Ајфеловата кула.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе