Трамп сними нова порака: Научив многу за ковид, ова е вистинско училиште (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој беше хоспитализиран во воената болница Валтер Рид откако му беше дијагностициран коронавирус и откако почна да чувствува симптоми на болеста, во неделата сними ново видео.

Screenshot

Тој рече дека „научил многу“ за ковид-19, високо заразниот вирус што зарази повеќе од 7,4 милиони луѓе во САД, откако бил дијагностициран и своето лекување го оцени како „вистинско училиште“.

„Ова е многу интересно патување. Научив многу за ковид“, рече Трамп на видеото објавено на Твитер.

„Научив така што навистина бев на училиште. Ова е вистинско училиште. Ова не е училиште кога читаш книги. Го сфатив тоа. Разбирам. И тоа е многу интересна работа. Ќе ви раскажувам за тоа. Во меѓувреме, ги сакаме САД и го сакаме она што се случува“, рече тој, најавувајќи дека планира да ги поздрави приврзаниците кои се собрале пред медицинскиот центар Валтер Рид.

Трамп во петокот беше пренесен во болницата Валтер Рид откако објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на вирусот.

Трамп, носејќи маска, од задното седиште на автомобилот неколку моменти по објавувањето на видеото им мавтал на приврзаниците.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе