Трамп случајно ги откри деталите од договорот со Мексико (ФОТО+ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп случајно ги откри деталите од договорот за имиграција со Мексико, кога во вторникот пред новинарите мавташе со документот на кој се наоѓале детали од договорот.

Пред тоа, Трамп одби да им ги открие плановите на новинарите, изјавувајќи дека се тајни.

Меѓутоа, тој ги откри мавтајќи со потпишаниот договор, кој фотографите го фотографираа, зголемија и така открија детали од договорот.

Во договорот се наведува планот Мексико да се прогласи „безбедна трета земја“, со други детали кои веќе во понеделникот ги објави мексиканскиот министер за надворешни работи.

Кога Мексико ќе биде безбедна трета земја, апликациите за азил ќе се обработуваат таму, наместо во САД.

Во документот, исто така, се вели дека Мексико се обврзало да ги преиспита своите закони за да може да стане безбедна трета земја.

Текстот вклучува и регионален план за азил во кој ќе бидат вклучени неколку земји од Латинска Америка, кои ќе обработуваат барања за азил.

Со договорот потпишан во петокот се бара Мексико да го ограничи протокот на мигранти во САД за да избегне воведување на царини.

Мексиканската влада во вторникот започна со спроведување на договорот постигнат со американскиот претседател.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор го објави формирањето на специјална комисија предводена од министерот за надворешни работи Марсел Ебрард за исполнување на обврските на Мексико според тој договор.

Првиот потег на владата ќе биде испраќање на 6.000 припадници на националната гарда на јужната граница со Гватемала, рече Ебрард на прес-конференција.

Трамп во петокот објави дека е постигнат договор со Мексико, со кој се избегнати царините за производи од таа земја, а во понеделникот изрази надеж дека засилените мексикански закони за имиграција ќе ги намалат тензиите.

Мексико има 45 дена за значително да го намали бројот на мигранти што доаѓаат до американско-мексиканската граница или повторно ќе се соочат со закана за воведување царини.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе