„Сѐ е возможно“

Трамп: Сѐ уште верувам дека ќе биде постигнат нуклеарен договор со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува дека нуклеарен договор со Северна Кореја ќе биде постигнат, откако Пјонгјанг испука во Јапонското Море проектили со краток дострел.

Трамп на Твитер напиша дека верува дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун „целосно го сфаќа огромниот економски потенцијал на Северна Кореја и дека нема да направи ништо што би го попречило или уништило“.

„Тој знае и дека јас сум со него и не сака да го прекрши ветувањето што ми го даде. Договор ќе има“, наведе американскиот претседател. Вториот самит на Трамп и Ким, посветен на денуклеаризацијата на Северна Кореја, беше одржан во февруари без договор.

Јужнокорејската војска денес соопшти дека Северна Кореја ласнирала повеќе ракети со краток дострел во правец на Јапонското Море. Јапонското министерство за одбрана соопшти дека ниедна ракета не ја надлетала Јапонија.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе