Откако Мадуро објави дека се уапсени државјани на САД

Трамп: Ситуацијата во Венецуела нема врска со Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ситуацијата во Венецуела нема врска со американската влада.

Трамп тоа го кажа во Белата куќа, откако претседателот на Венецуела Николас Мадуро објави дека властите на таа земја уапсиле и двајца државјани на САД за кои наведе дека се одговорни за неуспешниот оружен напад, пренесува Ројтерс.

Мадуро на националната телевизија од Каракас за обид за државен удар ги обвини 13-те платеници, меѓу кои и двајца американски државјани, кои, како што кажа, работат за безбедносните служби на американскиот претседател.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе