Трамп си направи „мал Твитер“, за да може да пишува сѐ што ќе му падне на памет

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера на својата веб-страница објави додаток сличен на Твитер на кој пишува објави што потоа можат да се споделат на социјалните мрежи што го цензурираат.

Фото: скриншот

Новиот дел од официјалната страница се вика Од бирото на Доналд Трамп и содржи кратки соопштенија од поранешниот претседател.

Веста на страницата беше објавена ден пред одлуката на надзорниот одбор на Фејсбук за тоа дали Трамп и понатаму ќе биде суспендиран од таа социјална мрежа, пишува агенцијата Ројтерс.

Советникот за Трамп Џејсон Милер во март објави дека поранешниот претседател ќе покрене своја социјална мрежа, а не е познато дали мислел на овој додаток на својата официјална веб-страница.

Страницата на Трамп на Фејсбук беше отстранета поради загриженост од нови насилства по смртоносниот упад на неговите приврзаници во Капитол на 6 јануари.

Твитер објави дека забраната за профилот на Трамп е трајна, дури и ако тој повторно се кандидира на избори. Јутјуб, од друга страна, објави дека ќе го врати каналот Трамп кога ќе одлучи дека опасноста од насилство поминала.

Поранешниот претседател, кој ја напушти Белата куќа на 20 јануари, лажно тврдеше дека на изборите минатата година од Џо Бајден загубил поради измама.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе