Трамп се жали дека млазот под туш му е слаб, владата тргна да ги менува енергетските стандарди (ВИДЕО)

Претседателот смета дека водата за туширање не тече доволно брзо. „Не знам за вас, ама мојата коса мора да биде совршена.“

Поплаките на американскиот претседател во средата во врска со миењето коса ја поттикнаа владата да предложи олеснување на стандардите за притисокот на тушот.

Администрацијата на Трамп предложи измени на правилата што ќе овозможат поголем притисок на водата од туш-батериите, откако Доналд Трамп неколку пати се пожали дека инвентарот во бањата не функционира како што тој би сакал.

Министерството за енергетика план постапува по коментарите на Трамп од минатиот месец за повлекување на некои регулативи. Тој рече дека, според него, водата не излегува доволно брзо од туш-батеријата.

„И што да правиш? Само подолго да стоиш таму или подолго да се тушираш? Бидејќи мојата коса - не знам за вас, но таа мора да биде совршена“, рече тој.

Минатиот декември Трамп рече дека регулаторите на животната средина ги испитуваат мијалниците, чешмите и тоалетите за да ги ревидираат правилата за заштеда на вода и на горивото што ја загрева.

„Луѓето пуштаат вода во тоалетите по 10 пати, 15 пати, а не еднаш“, рече Трамп на состанокот на лидерите на мали бизниси во Белата куќа.

Групите на потрошувачи го отфрлиле планот, велејќи дека сегашните правила им заштедуваат пари на потрошувачите со заштедување вода и гориво.

Предлогот ќе овозможи туш-опремата да содржи повеќе типови млаз, што ќе ги заобиколат околу 9-те литри во минута според стандардот утврден од Конгресот во 1992 година, кога претседател беше републиканскиот колега на Трамп Џорџ В Буш.

Енергетскиот сектор предложи и полесни стандарди за машините за перење. Администрацијата на Трамп соопшти дека нејзините регулаторни олеснувања на едно просечно американско домаќинство му заштедуваат 3.100 американски долари годишно. Но застапниците на заштеда на ресурсите велат дека олеснувањето на стандардите за опремата во бања може да ги зголеми трошоците за енергија и вода.

Неизвесно е дали планот ќе биде финализиран, вели Гардијан. Трамп води кампања за повторен избор и заостанува на анкетите на јавно мислење пред гласањето на 3 ноември. Ако тој победи и предлогот биде одобрен, може да се соочи и со судски битки.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе