Трамп се закани дека поради Кина ќе ја напушти Светската трговска организација

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот се закани дека ќе ја напушти Светската трговска организација (СТО), која остро ја критикува затоа што, според него, ја фаворизира Кина на штета на САД.

„Ќе ја напуштиме организацијата ако треба“, рече американскиот претседател пред вработените во хемиска фабрика на компанијата Шел во Пенсилванија.

„Со години нè мачат и тоа веќе нема да се случува“, рече Трамп.

Не е првпат Трамп да се закани дека ќе ја напушти меѓународната организација, која ја оцени како „застарена“ за време на својата предизборна кампања.

Минатото лето, Трамп оцени дека СТО со години „многу лошо“ ги третира Соединетите Американски Држави и уверуваше дека доколку организацијата не се реформира, САД ќе се повлечат.

На крајот на јули, тој повикуваше на реформи во СТО и да не им се даваат веќе повластен третман на земјите во развој. Администрацијата на Трамп долго време ја обвинуваше СТО и некои нејзини членки, како Кина, дека го злоупотребуваат статусот на земја во развој, што овозможува одложување на спроведување на некои договори или заштита на некои области, без да се изложи на гневот на членките на организацијата.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе