Трамп се заканува дека ќе ги повлече американските војници од Германија, Германците не му веруваат

Градоначалникот на баварското гратче Графенвер Едгар Кноблох тврди дека не верува дека претседателот на САД Доналд Трамп ќе ги оствари заканите и ќе ги повлече американските војници од Германија.

Во Графенвер се наоѓа една од најголемите бази на американската војска во Европа.

„Тука никој не верува во тоа. На одреден интервал се појавуваат вакви гласини“, кажа Кноблох.

Тој истакна дека во последно време дури е зголемен бројот на војниците и изградени се дополните инфраструктурни проекти, како училишта и работилници за одржување на воената опрема.

Во гратчето кое некогаш се наоѓаше во близина на границата со поранешна Источна германија и неговата околина се стационирани над 10.000 американски војници.

Американската воена база е и најголемиот вработувач во регионот, а вработува над 3.000 германски цивили.

Кноблох изрази и загриженост поради постојаните закани на американскиот претседател дека, поради тоа што Германија според него премалку плаќа во заедничкиот буџет на НАТО, ќе ги повлече војниците од Германија и ќе ги премести во Полска.

Пред патувањето на Трамп во Европа и посетата на Полска, Вашингтон повторно истакна дека размислува за евентуално преместување на дел од војниците од Германија поисточно во Полска.

При посетата на Вашингтон, полскиот премиер Матеус Моравјецки се заложи за отворање на американска воена база во Полска, но без да се затвораат базите во Германија.

„Никој сериозно не размислува за значително намалување на трупите во Германија. Нам ни е потребен Рамштајн, но и база во Полска“, изјави тогаш Моравјецки.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе