„Целосно спремен да ја уништи турската економија“

Трамп се закани со санкции против турските власти и со блокада на трговски договор од 100 милијарди долари

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи денес околу офанзивата на Турција против сириските Курди. Тој порача дека наскоро ќе издаде извршен указ со кој ќе им наметне санкции на сегашни и поранешни функционери на Турција кои придонесуваат на дестабилизација на состојбата во Сирија.

Освен тоа, тој додаде дека ќе ја зголеми царината на челикот од Турција за речиси 50 отсто и дека автоматски ќе ги прекине преговорите за трговски договор со Турција, вреден 100 милијарди долари.

„Целосно сум спремен да ја уништам турската економија ако турските лидери продолжат со својот опасен и деструктивен план“, заклучи Трамп.

Тој во соопштението порача дека неговиот извршен указ ќе им овозможи на САД да ѝ наметнат моќни санкции на Турција.

Тој додаде дека неговата администрација од првиот ден неуморно работела на зачувување на мирот и безбедноста на САД и Американците.

„САД и нивните партнери ги ослободија 100 отсто од териториите под калифатот на ИСИС. Турција не смее да го ризикува тоа. Турција мора да ја одреди како приоритет заштитата на цивилите, особено ранливите етнички и верски малцинства на североистокот на Сирија“, напиша Трамп.

Додаде и дека офанзивата на Турција ги загрозува цивилите и се заканува на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот.

„Бев јасен кон претседателот Ердоган: Постапките на Турција создаваат услови за хуманитарна криза како и за воени злосторства“, кажа тој.

Додаде дека останува на одлуката за повлекување на војската на САД од североистокот на Сирија но и дека трупите ќе останат во регионот за да ја следат ситуацијата и да спречат да се повтори 2014 година кога ИСИС се рашири низ Сирија и Ирак.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе