Трамп се закани дека следната недела ќе ја затвори границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека следната недела ќе ја затвори границата со Мексико или барем големи делови од границата, ако Мексико „веднаш не ја сопре незаконската миграција која се прелева во САД“ од регионот.

Трамп претходно често повторуваше дека ќе ја затвори границата со Мексико, но овојпат тоа може и да се случи имајќи предвид дека американската влада има проблеми со наплив на емигранти од земјите од Централна Америка.

Висок функционер на министерството за државна безбедност кажа дека таа агенција разместува свој персонал од местата каде што влегуваат емигрантите на местата меѓу официјалните премини и канцелариите за прием на емигрантите.

„Ако треба да ги затвориме влезовите за да го решиме проблемот со луѓето кои доаѓаат, тоа ќе го направиме“, изјави функционерот кој сакал да остане анонимен. „Во моментов сме близу затворање на сите влезови“.

Трамп своите најнови закани ги изнесе во серија објави на Твитер по репортажите дека голем број емигранти се движат кон Ел Пасо, во сојузната држава Тексас.

„Конгресот мора да го промени нашиот слаб закон за емиграции сега, и Мексико мора да ги сопре незаконските емигранти да влезат во САД преку нивната територија, и нашата јужна граница“, кажа Трамп.

„Мексико долги години се богати на сметка на САД, што е далеку повеќе од трошоците на границата. Ако Мексико веднаш не ги сопре сите незаконски миграции кои доаѓаат во САД низ јужната граница, јас таа граница ќе ја затворам, или големи делови од таа граница, следната недела“, пишува во твитот на Трамп.

Емигрантите кои незаконски ја преминуваат американската граница предизвикуваат тензии меѓу САД и Мексико откако Трамп ја почна својата претседателска кампања пред речиси четири години. Трамп тврдокорно го предупредува Мексико на незаконските миграции и неколку пати тврдеше дека во САД од таму влегуваат силувачи и наркомани.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе