На самитот во Брисел

Трамп се закани дека САД ќе го напуштат НАТО доколку другите членки не трошат повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп на самитот на НАТО во Брисел се закани дека САД ќе се повлечат од воено-политичкиот сојуз доколку останатите членки не го зголемат своето трошење за одбрана, односно за војската.

Трамп, како што пренесуваат агенциите, изјави дека сите членки на НАТО мора до 2019 година да ги зголемат своите издатоци за одбрана до 2 отсто од националниот БДП, што иначе е правило во официјалнот договор на НАТО но на тоа со децении не се придржува ниедна членка освен САД кои издвојуваат и повеќе од 2 отсто.

Ако сојузници до следната година не ја достигнат таа цел, Америка ќе мора да тргне по својот пат, наводно кажал Трамп на средбата со лидерите на членките на Алијансата. Тоа било сфатено како закана дека САД можат да го напуштат НАТО, со што би се расформирал воениот пакт кој ги одредуваше односите во светот по Втората светска војна.

Трамп во претседателската кампања неколку пати ја доведуваше во прашање смислата на постоењето на НАТО, и најавуваше дека сака да воведе радикални промени во функционирањето на сојузот.

Актуелниот самит на НАТО почна во тензична атмосфера бидејќи Трамп преку Твитер повеќе пати ја нападна Германија, која со месеци ја има на заб, обвинувајќи ја дека е де факто руски играч бидејќи е зависна од снабдувањето со гас од Русија.

НАТО настана во 1949 година, а постои и преседан за повлекување на една членка од воениот сојуз. Тоа го направи Франција предводена од претседателот Шарл де Гол во постапен процес од 1958 до 1966 година, во знак на протест поради американската доминација во сојузот и „специјалниот однос“ на САД и Британија. Но, Франција подоцна се врати во НАТО во полн капацитет.

Сепак, повлекувањето на САД од НАТО би имало подалекусежни ефекти, бидејќи станува збор за државата која најмногу во светот троши на војска и која клучна за функционирањето на НАТО.

„Вчера им кажав дека сум многу незадоволен од она што се случува и дека мора да го зголемат трошењето на војска. Сега сум задоволен и НАТО е посилен отколку пред два дена“, кажа Трамп на прес-конференција.

На прашањето дали сојузниците во НАТО биле загрижени поради неговите индиректни закани за напуштање на сојузот, тој кажа: „Веројатно биле загрижени, но сега ќе имаме издвојувања за НАТО кои ќе одат и до 40 милијарди долари. САД плаќаа околу 70 отсто од трошоците за НАТО, што не е чесно. Преговараме и со Европската Унија, која е неправедна кон американските земјоделци“.

„Мислам дека не е потребно САД да излезат од НАТО, бидејќи членките се согласија да ги зголемат трошењата. Сите ми се заблагодарија за тоа, на средбата имаше добра атмосфера“, кажа американскиот претседател.

Тој уште еднаш се пофали дека е „доследен гениј“, и повторно се пожали дека ЕУ „не се однесува фер кон САД“.

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе