Трамп се закани дека поради Кина ќе ја напушти Светската трговска организација

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани синоќа дека ќе ја напушти Светската трговска организација (СТО) која остро го критикува бидејќи, според него, ја преферира Кина на штета на Соединетите Американски Држави.

„Ќе ја напуштиме организацијата ако треба“, кажа американскиот претседател при посета на хемиска фабрика на компанијата Шел во Пенсилванија.

„Нѐ мачат со години и тоа повеќе никогаш нема да се случи“, истакна Трамп.

Ова не е првпат Трамп да се заканува дека ќе ја напушти меѓународната организација која во текот на својата предизборна кампања ја оцени како „застарена“.

Минатото лето Трамп оцени дека СТО со години „многу лошо“ ги третира Соединетите Држави и уверуваше дека, ако организацијата не се реформира, САД ќе се повлечат.

Кон крајот на јули тој бараше реформи на СТО и да се сопре повластениот третман на земјите во развој. трамповата администрација долго време ги обвинува СТО и некои нејзини членки, како Кина, дека го злоупотребуваат статусот на земја во развој кој овозможува и одложување на некои договори или заштита во некои области без изложување на гневот на членките на организацијата.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе